Zehra Ulucak
31 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
ЗАМБОАНГА (АА) - Во јужниот дел на Филипини извршен е самоубиствен напад во кој животот го загубија 11 лица, а 5-мина се ранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Општина Ламитан, Родерик Фјуригеј, изјави дека на една воена контролна точка во селото Булантинг e запрено возило, чиј возач покажал сомнително однесување и не го зборувал локалниот јазик.
Градоначалникот Фјуригеј информираше дека безбедносните сили го запреле возилото со цел да извршат рутинска контрола, но возачот во моментот на приближување го активирал експлозивот.
Во експлозијата, покрај самоубиецот, животот го загубија уште 5 војници, 1 водник, 3 жени и 1 дете, а 5-мина војници се потешко повредени.
Во тек е истрага за нападот, а властите сметаат дека е можно нападот да е извршен од страна на организацијата Ебу Сајаф, која е блиска со терористичката организација ДЕАШ.
Терористичката организација Ебу Сајаф, од 1991 година наваму покажува активности на подрачејто на Малезија и Филипини. Организацијата е позната по своето насилство и земање заложници.