Ekipa
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
АБУ ДАБИ (АА) - Новиот министер за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Селман, истакна дека сакаат да се развијат во областа на производство и збогатување на ураниум, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдулазиз бин Селман даде изјава за медиумите во рамки на 24. Светски енергетски конгрес организиран во главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абу Даби, во која нагласи дека неговата земја врши одредени тестирања во рамки на програмата која ќе започне со два нуклеарни реактори, со цел производство на електрична енергија од нуклеарни ресурси.
„Сакаме да се развиеме во областа на производство и збогатување на ураниум“, рече Абдулазиз бин Селман, додавајќи дека овој чекор го прават за да не бидат зависни од производство на електрична енергија од сурова нафта и природен гас.
Тој нагласи дека ќе го почитуваат Договорот за ограничување на производството на нафта, потпишан меѓу земјите членки на Организацијата на земјите извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC) и некои земји кои не се членки на OПЕК.