Gülşen Topçu
22 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
РИЈАД (АА) - Саудискиот крал Селман бин Абдулазиз и неговиот син, престолонаследникот Мухамед бин Селман, упатија порака со сочувство до семејството на убиениот новинар Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиската новинска агенција СПА јавува дека кралот Селман и принцот Мухамед лично телефонски му се јавиле на синот на убиениот новинар, Салах Кашоги, и му изразиле сочувство поради убиството на неговиот татко.
Кралот Селман и принцот Мухамед одвоено разговараа со Салах, кој им се заблагодари на јавувањето.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври, откако влезе во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
По неколкудневните тврдења дека не знаат ништо за судбината на Кашоги, властите на Саудиска Арабија вчера наутро соопштија дека Кашоги е убиен за време на наводна расправија во Конзулатот.
Истрагата за убиството е сè уште во тек, а главната задача на истражителите е пронаоѓање на посмртните останки на Кашоги и утврдување на одговорните за убиството.