Fatih Erel
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации (ОН) успешно ја извршија својата прва хуманитарна помош доставена од воздух во Сирија, соопшти организацијата денес.
Пакети со храна од страна на Светската програма за храна при ОН (WFP) беа спуштени вчера со падобрани во источниот град Деир ез-Зур, каде што се наоѓаат 200.000 цивили, опколени од страна на терористите на ДАЕШ, уште од месец март 2014 година.
Од Светската програма за храна рекоа дека ова спуштање на помошта е всушност првата нивна достава на помош за опколените делови на градот од март 2014 година.
Претходното спуштање на помош со падобрани во февруари беше неуспешно, изјавија од ОН.
“На 24-ти февруари, Светската програма за храна го изврши своето прво спуштање на храна од воздух со што исфрли товар во продукти тежок од 21 тон”, пишуваше во извештајот.
“Но се појавија и некои технички проблеми со тоа што одредени палети ги промашија зоните а некои беа оштетени поради тоа што некои од падобранците не функционираа добро”.
Агенцијата вчера изјави дека спуштањето на 20 метрички тона на храна се доволни да се нахранат 2.500 луѓе месечно.
Светската програма за храна планира понатамошно фрлање на пакети со храна во Деир ез-Зур.
Во јануари, хуманитарните организации и ОН соопштија дека жителите на градот, особено жените и децата, се соочуваат со исклучително лоши услови и потребна им е итна хуманитарна помош. Во извештајот се наведуваше дека постојат тешки случаеви на неухранетост и смрт како последица на глад.
Во меѓувреме, ОН апелираше до сириската влада да го испочитува нивното залагање за пружање помош на изолираните и опколени области, откако барањето за доставување помош, минатата недела им беше одбиено од страна на режимот.