Enes Canlı
18 Февруари 2022•Ажурирај: 20 Февруари 2022
КУДС (АА) ‒ Во регионот Галилеја на северниот дел на Израел се огласија сирените за предупредување поради дрон за кој се тврди дека дошол од правецот на Либан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелската војска објави соопштение во кое се наведува дека во регионот на Галилеја во близина на Голанската Висорамнина се огласиле предупредувачки сирени.
Се наведува дека е активиран противракетниот систем „Железна купола“ поради помалиот дрон, за кој се тврди дека стигнал од правецот на Либан.
Во тој регион се упатени авиони и хеликоптери на израелската војска.
Според јавувањата на израелските медиуми, жителите од подрачјето во близина на либанската граница и Голанската Висорамнина изјавија дека слушнале експлозија.