Dmitri Chirciu
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
МОСКВА
Во подрачјето на Москва, главниот град на Русија при остро слетување се урна воен хеликоптер од типот „MI-8“. Во несреќата животот го загубија 3 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави руското Министертство за одбрана се наведува дека во близина на населеното подрачје на местото Клин, кое се наоѓа на територијата на Москва, за време на лет за обука со воен хеликоптер од типот „MI-8“ дошло до остро слетување во кое леталото се урнало.
Како што информира министерството за одбрана, во летот за обука кој бил спроведен без муниција, животот го загубиле членовите на екипажот.
Овластено лице од Итната помош за руската информативна агенција РИА изјавило дека екипажот на хеликоптерот се состоел од 3 члена.
Според првичните проценки, технички грешка е причина за несреќата.