Fahri Aksüt
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА
Министрите за надворешни работи на Турција, Германија, Франција и Велика Британија одржаа телеконференциски состанок за да дискутираат за регионалните и актуелните прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението издадено од турското Министерство за надворешни работи се вели дека Мевлут Чавушоглу, Хеико Мас, Жан-Ив Ле Дриан и Доминик Раб одржале виртуелен состанок за да ги проследат резултатите од квартет самитот на лидерите на Турција, Франција, Германија и Велика Британија.
„На состанокот во детали беше дискутирано за моментална состојба во борбата против пандемијата на Ковид-19 и можноста за преземање на заеднички чекори, како и последните регионални случувања, особено во Сирија, Либија и Ирак“, се вели во соопштението.
Состанокот беше искорисен за размена на ставови за овие прашања, се додава во соопштението.
Министрите за надворешни работи се согласиле да се состанат повторно во истата рамка, без да се одреди датум на средбата.