Zehra Ulucak
17 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Северна Кореја е погодена од најголемата суша во последните 100 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од јануари до средината на мај паднаа само 56,3 милиметри врнежи, што е најниското ниво регистрирано од 1917 година, објави весникот „Родонг Синмун“.
„Очекуваме количеството на врнежи двојно да се зголеми до крајот на мај поради нискиот притисок во северните региони, но сметаме дека нема да има доволно количество врнежи за надминување на сушата“, порачаа метеоролошките експерти.
Тие наведоа дека сушата во голема мера веќе влијае врз одгледувањето пченица, пченка, компир и грав.
Претходно овој месец, агенциите за помош на Обединетите нации, во заедничката проценка соопштија дека околу десет милиони луѓе во Северна Кореја се соочуваат со сериозен недостиг на храна, откако земјата имаше една од најлошите жетви во последните десет години.
Во февруари оваа година, амбасадорот на Северна Кореја во ОН, Ким Сонг, објави необичен апел за итна помош во храна.