Islam Uddin
14 Ноември 2025•Ажурирај: 15 Ноември 2025
АНКАРА (АА) – Северна Кореја вчера ја обвини Групата на седум нации (Г7) за примена на „двојни стандарди“ откако министрите за надворешни работи на Г7 повторно повикаа на „целосна денуклеаризација“ на земјата, оценувајќи ја позицијата на блокот како непријателска и неуставна, јавува Анадолу.
Севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи, во соопштение објавено преку државната агенција КЦНА, рече дека последното заедничко коминике на Г7 од Канада „го игнорира и го прекршува“ Уставот на Северна Кореја.
„Изразувам силно незадоволство и жалење поради непрекриениот непријателски акт на министрите за надворешни работи на Г7, директното прекршување на Уставот на нашата држава и категорично го осудувам и одбивам користејќи најсилни реторички изрази“, рече Чое.
Таа посочи дека во актуелната „сурова геополитичка средина“ поседувањето нуклеарно оружје од страна на Пјонгјанг останува најправилната опција за одвраќање на, како што оцени, најопасните и најнепријателски држави.
„Никој нема право да нè принуди да го прекршиме Уставот и не треба да се обидува да нè натера да го измениме“, додаде Чое.
Министерката истакна дека патот за обезбедување мир и стабилност на Корејскиот Полуостров и во Азија и Пацификот не е нереалистична „денуклеаризација“, туку почитувањето на Уставот на Северна Кореја.
Чое повтори дека нуклеарните сили на Северна Кореја се сега трајна реалност, без разлика дали САД и нивните сојузници го прифаќаат тоа или не.
„Без разлика колку, постојано ќе бараат 'денуклеаризација', 10 или 20 години, па дури и 50 или 100 години“, рече таа.
Таа ја обвини Г7 дека нема овластување да диктира одлуки за безбедноста на суверени држави.
„Избегнувачкото и двојно однесување на Г7, која молчи за непромислената нуклеарна реторика и обидите за нуклеарно проширување што јавно се манифестираат во нивната група и инсистира само на ‘денуклеаризација’ на некој, што веќе ја изгуби смислата и оправданоста, не може да помине некаде“, додаде таа.
Министрите за надворешни работи на Г7 „остро ја осудија“ нуклеарната и балистичката програма на Северна Кореја и го потврдија својот ангажман за нејзина „целосна денуклеаризација“.
Тие исто така изразија „голема загриженост“ поради кражбите на криптовалути од Пјонгјанг и повикаа на брзо решавање на прашањето за киднапирањата.