Adem Şalvarcıoğlu
18 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ШРИНАГАР (АА) - Најмалку седум лица загинаа во конфликтот помеѓу индиските и пакистанските безбедносни сили на контролната линија на Кашмир, јавува Anadolu Agency (AA).
Пакистанската армија соопшти дека индиската армија отворила оган и повредила најмалку 10 пакистански цивили и дека потоа било одговорено на овој напад.
Индиската армија наведе дека конфликтот во Кашмир го започнала пакистанската војска, и дека во конфликтот загинал еден индиски војник и шест цивили, додавајќи дека се повредени уште седум други лица.
Кашмир е област околу која Индија и Пакистан се борат од 1947 година, кога овие две земји се стекнаа со независност од Велика Британија. Индиско-пакистанските конфликти околу Кашмир избиваа во три наврати, во 1948, 1965 и 1971 година. Индија го обвинува Пакистан за вооружување разни сепаратистички групи во областа Џаму Кашмир.
Се претпоставува дека во периодот од речиси 70 години, во немирите во Џаму Кашмир повеќе од 70.000 луѓе ги загубиле своите животи.
Во мнозинското муслиманско население населено во Кашмир стационирани се половина милион индиски војници.