Cüneyt Karadağ
18 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
БЕРЛИН (АА) - Поради карикатурата на која го исцрта премиерот на Израел, Нетанјаху, на Дитер Ханич, карикатурист во еден од најстарите германски весници „Зидојче Цајтунг“, прекинат му е работниот однос.
Волфганг Крах, главниот и одговорен уредник на „Зидојче Цајтунг“, бил принуден да се извини поради карикатурата.
Во соопштението што го објави весникот во врска со отпуштањето на Ханич, се вели „Со господинот Ханич на уредничката маса имаше несогласувања околу антисемитистичките стереотипи на карикатурата. Несогласувањата не беа само околу објавената карикатура, туку и на средбите со господинот Ханич.“
Дитер Ханич како референца за спорната карикатура ја користи израелската пејачка Нета Барзилај, како што изгледаше на нејзиниот настап на Евровизија, чија песна победи оваа година. На карикатурата израелскиот премиер е облечен во гардеробата на пејачката со микрофон во едната рака и проектил во другата, пеејќи „Следната година во Ерусалим“.
По реакциите на социјалните мрежи и во останатите германски медиуми, на Ханич му е прекинат Договорот.
Карикатуристот Ханич во својата изјава за германските медиуми потврди дека му е прекинат Договорот за работа, изјавувајќи дека карикатурата има за цел да покаже дека Нетанјаху сака да ја злоупотреби победата на пејачката Нета. Ханич посочи дека не е честа појавата еден карикатурист да биде избркан од работа поради својот цртеж. „Можете да го прекорите, да го предупредите, но да го избркате од работа не е добар избор“, рече Ханич.
Карикатуристот истакна дека не се кае поради карикатурата.
Кога беше цел Ердоган, тогаш тоа беше „слобода на печатот“
Дитер Ханич имаше нацртано карикатура со критика на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во истиот весник имаше објавено дури и карикатури со навреди кон Ердоган, но тогаш беше заштитен под образложение за слобода на печатот и изразувањето.
Интересен е фактот дека во Германија се блокира или ограничува слободата на печатот и изразувањето кога станува збор за Израел и Евреите, поточно, во слични ситуации се користи двоен стандард.