Elena Trenchevska Chekovic
17 Февруари 2026•Ажурирај: 20 Февруари 2026
ДАКАР (АА) - Сенегал е зафатен од облак прав што потекнува од пустината Сахара, кој опфати големи делови од земјата, јавува Анадолу.
Националната агенција за цивилно воздухопловство и метеорологија издаде предупредување за територијата на целата држава поради правот, предупредувајќи ги жителите за намален квалитет на воздухот.
Во своето соопштение, Агенцијата ги советува граѓаните да не ги напуштаат своите домови освен ако не е исклучително потребно, и да носат маски доколку мора да излезат надвор бидејќи од вчера низ целата земја се регистрирани големи количини прав.