Islam Uddin,Riyaz Khaliq Khaliq
11 Јануари 2024•Ажурирај: 12 Јануари 2024
ИСЛАМАБАД (АА) - Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Авганистан, покажуваат податоците на Американскиот геолошки институт, пренесува Анадолу.
„Земјотрес ја погоди областа Јурм во североисточната провинција Бадакшан во 9:20 часот по Гринич“, соопшти американската владина агенција.
Земјотресот бил почувствуван и низ Пакистан, како и во делови од Индија и Кашмир.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.