Mustafa Melih Ahıshalı
10 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска иранскиот остров Кешм, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран, соопшти дека земјотресот во 14:24 часот го погодил местото Лафт, во покраината Хормизган, а е регистриран на длабочина од 10 километри.
Не е познато дали во земјотресот има настрадани, ниту дали е причинета материјална штета.