ВИЕНА (АА) – АШКИН КИЈАГАН –
Отстранувањето на изразот „ислам“ од свидетелствата во кои се покажува изборниот верски предмет и верската припадност на учениците од страна на Канцеларијата за верски прашања при Министерството за образование и Кабинетот на премиерот на Австрија, а на чие место е напишано IGGÖ, што е кратенка на Исламската заедница на Австрија, институција која ги претставува муслиманите во оваа земја, предизвика бројни реакции.
Муслиманите, академците и невладините организации во земјата, овој чекор, кој овозможува отстранување на изразот „ислам“ од еден официјален документ, го прокоментираа како голема дискриминација врз муслиманите.
Експертите велат дека надвор од логика е Владата на екстремната десница да ја користи кратенката IGGÖ во една земја во која живеат над 700.000 муслимани. Тие нагласуваат дека верата, чии припадници брои 1,5 милијарда лица, се вика „ислам“, додека Исламската заедница на Австрија е една институција која ги претставува муслиманите во Австрија.
Недоволното информирање на јавноста и муслиманите пред спроведувањето на измените, од страна на Владата се смета за злонамерен став.
За овој став на Владата која не направила некои измени во другите религии или заедници, освен кај муслиманите, се коментира дека е еден чекор за спроведување на „европски или австриски ислам“, како и за ослабување на исламската заедница во земјата.
- „IGGÖ ќе ги употреби сите законски средства против тоа“ -
Претседателот на IGGÖ, Умит Вурал, во изјава за Anadolu Agency (AA) истакна дека Министерството за образование, без да изврши консултација и дијалог, во спротивност со практиката, испраќајќи писмо до директорите на училиштата, го отстранило изразот „ислам“ од свидетелствата во кои го покажува изборниот верски предмет и верската припадност на учениците.
„Се обидуваат со една бирократска интервенција да го избришат изразот „исламска вероисповед“ од свидетелствата, кои се официјални документи. IGGÖ ќе ги употреби сите законски средства против тоа“, рече Вурал.
Вурал нагласи дека Министерството овој чекор го направило за да ги спречи децата Алевити по грешка да не го одбираат изборниот предмет ислам на местото на предметот алевизам, и додаде дека овие два израза се јасно напишани и дека нема можност да се направи некоја грешка во оваа насока.
„Овој чекор пополека ќе го отвори патот за бришење на изразот ислам од официјалните документи. Кратенката IGGÖ на Владата ќе се користи како идентитет во земјата наместо изразот ислам кој ги претставува муслиманите. Не е можно да го прифатиме тоа“, истакна тој, и додаде дека оваа состојба може да предизвика важни проблеми во иднина.
- „Сакаат IGGÖ да ослабува“ -
Политикологот д-р Фарид Хафез, кој ги продолжува своите студии како висок истражувач на Универзитетот „Џорџтаун“, нагласи дека овој чекор на австриската Влада го смета како чекор за ослабување на исламската заедница која ги претставува муслиманите во земјата, на долг рок.
„Владата со овој чекор има за цел да ја ослаби Исламската заедница како институција. Со оваа измена, на местото на оваа институција сака различните актери да ги направи ефективни“, додаде тој.
- „Сакаат да создадат ислам според нивна желба“ -
„Сѐ додека е на власт оваа влада, сакаат да создадат ислам според нивна желба“, нагласи Хафез, говорејќи за одлуките на Владата.
Исто така, Хафез, критикувајќи ги муслиманите во Австрија, истакна дека тие не можат да реагираат соодветно во однос на повеќе прашања кои негативно влијаат врз нив.
Од друга страна, Ибрахим Рома Али, портпаролот на Заедницата на Египќаните во Виена, нагласи дека е спроведена една друга негативна практика врз муслиманите од страна на Владата на екстремната десница, и дека муслиманите во оваа земја треба да ги бараат своите права на законски начин, дејствувајќи во единство.
„Првин го забранија хиџабот во детските градинки, сега работат тоа да се спроведе и во основните училишта. Секој негативен чекор е следен од некој друг нов чекор. Ако молчиме за оваа состојба, во иднина изразот ислам, кој е вера на муслиманите, целосно ќе се отстрани од нашиот живот“, рече Али.
Различни невладини организации во земјата преку петиции доставени до властите бараат да се отстрани оваа измена.