Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
СЕУЛ (АА) - Властите на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави (САД) постигнаа нов договор за финансирањето на американската војска ангажирана во Јужна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во Јужна Кореја ангажирани се 28.500 американски војници, а новинската агенција „Јонхап“ (Yonhap) јави дека Министерството за надворешни работи на земјата потпишало нов договор за финансирање на тој ангажман.
Министерството во соопштението не открива за колкав износ станува збор, а „Јонхап“ јавува дека Јужна Кореја за американскиот воен ангажман во 2019 година ќе плати најмалку 924 милиони долари.
Делегациите на САД и Јужна Кореја одржаа над десет состаноци на кои Вашингтон бараше Сеул да го зголеми издвојувањето за ангажманот на американските сили на милијарда долари.
Според претходниот договор, Јужна Кореја за ангажман на американската војска годишно издвојуваше 848 милиони долари.