Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu
17 Јануари 2020•Ажурирај: 17 Јануари 2020
ИДЛИБ (АА) - Асадовиот режим во Сирија и странските терористички групи поддржани од Иран започнаа копнени напади во западното и во јужното рурално подрачје на Алепо, кои се во границите на Зоната за деескалација во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Силите на режимот, кои се состојат од војската на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, од копно вршат интензивни бомбардирања врз цивилните населени места во западниот и во јужниот дел на Алепо, како и врз линиите на фронтот при опозицијата.
Овие терористички групи минатата недела од Алепо, Деир ез Зор, Хама и Ласкије се собраа кон западното и јужното рурално подрачје на Алепо, каде што се подготвуваа за напад.
Воените елементи составени од Иранската револуционерна карда, бригадите на Ерусалим, како и други сили, во оваа зона испратија голем број тенкови и оклопни возила.
Руските воени авиони вчера дадоа поддршка на нападите извршени во руралното подрачје на Алепо.
Исто така, руските авиони вчера и денес учествуваат во бомбардирањата што се случуваат во Марет ал Нуман во јужниот дел на Идлиб.
Од друга страна, голем број цивили од зоните што се изложени на овие напади се насочија кон зоните блиски до границата со Турција.