Adham Kako
04 Јули 2019•Ажурирај: 05 Јули 2019
АНКАРА
Најмалку три цивили загинаа, а седум се повредени во експлозија во јужниот сириски град Сувајда, кој е под контрола на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција на режимот на Асад, САНА, јави дека синоќа во центарот на градот Сувајда била активирана експлозивна направа на мотоцикл.
Како последица на експлозијата загинале три, а повредени биле најмалку седум лица.
Центарот на градот Сувајда во јули минатата година беше цел на терористички напад на ДЕАШ во кој загинаа намалку 150 лица.