Eşref Musa
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Во експлозија на направа поставена на мотоцикл во подрачјето на сириски Тел Абјад, кое е под контрола на сириската опозиција, загинаа двајца цивили, а двајца се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозивната направа е активирана во центарот на Тел Абјад, кој е опфатен со турската операција „Извор на мирот“, а се наоѓа во близина на турската граница.
Во експлозијата загинаа двајца цивили, а двајца се ранети. Едно од лицата во тешка состојба е пренесено во Турција.
Припадниците на локалните сили ја истражуваат можноста дека за нападот е одговорна терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Подрачјето на Тел Абјад, сместен во северниот дел на Сирија, во турската операција „Извор на мирот“ е ослободено од терористите на 13 октомври 2019 година.
Терористите на ЈПГ/ПКК кои понатаму се активни во Ајн Иса и Тел Темир, често извршуваат напади врз Рас ал Ајн и Тел Абјад, кои се опфатени со операцијата „Извор на мирот“.
Од 2016 година Турција спроведе четири прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор, меѓу кои е и операцијата „Извор на мирот“ (2019).