Halit Süleyman
31 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ДАМАСК (АА) - Најмалку петмина цивили, од кои тројца се ученици, загинаа во нападот на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад извршен на училиште во Џисрин, Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
Махмуд Етем, припадник на Цивилната заштита во Источна Гута (Бели шлемови), изјави дека во нападот се ранети 15 цивили.
Тој додаде дека ранетите ученици се пренесени во болниците на периферијата, а режимските сили продолжуваат со нападот на Источна Гута, која е дел од Дамаск.
Во Џисрин, кој се наоѓа источно од Кафр Батне, живеат околу четири илјади лица. Режимските сили повремено вршат напади со тешко вооружување на споменатото подрачје.
Источна Гута, која ги опфаќа населбите Џобар и Ајн Терму, веќе пет години е под режимска опсада.
Турција, Русија и Иран на состанокот одржан на 3. и 4. мај во Астана, договорија Источна Гута да биде една од четирите зони без судири. Русија на 22. јули соопшти дека примирјето во Источна Гута стапило на сила, но и оти повремено режимот врши напади.