?kipa
10 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
ИДЛИБ/АНКАРА - Во нападите на авионите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад врз Детската болница и населбите во Идлиб, загинаа 17 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерите на АА од Идлиб известија дека авионите на режимот на Асад извршиле воздушни напади во областите Биннес, Тефтеназ и Ериха, како и во селото Рам Хамдан.
Извори од Цивилната заштита на Идлиб соопштија дека целта на нападот била Детската болница „Нур“ во Тефтеназ.
Во нападот загинаа 5 цивили, од кои 3 деца, а болницата беше уништена. Во нападите во Тефтеназ, загинаа вкупно 13, двајца во Ериха, а во Биннес и Рам Хамдан, по едно лице.
Ранетите цивили се транспортирани во блиските медицински центри, а тимовите на Цивилната заштита ги продолжија своите операции за спасување.
Во воздушните напади врз населбите во Зерден, Идлиб, извршени во четвртокот, беа убиени најмалку 42 цивили.
И покрај фактот што на состанокот во Астана одржан во мај 2017 година, Идлиб беше прогласен за зона без судири, режимските сили, а повремено и Русија, продолжија да извршуваат режимски напади врз споменатата област.