Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
15 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните и копнените напади кои силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и Русија ги извршија во зоната на деескалација на судири на Идлиб, загинаа седум лица, а ранети се десет, јавува Агенција Анадолија (AA).
Опозицискиот опсерваториум соопшти дека руските авиони извршиле воздушни напади на подрачјето на Кеферум, Урејнибе, Ел Бара и Белјон.
Припадниците на Цивилната заштита во Идлиб соопштија дека во руските напади на Кеферум загинал еден, а во Ел Бара пет цивили, додека ранети се седум цивили.
Силите на Асад од утринските часови извршуваат напади на селата Марј ал Дахер и Истабрак. Во нападот загина еден, а ранети се тројца цивили.
Екипите на Цивилната заштита успеаја да спасат еден цивил.
Извештајот на Цивилната заштита покажува дека во нападите кои минатиот месец силите на Асад, странските терористички групи кои ги поддржува Иран и руските сили ги извршија во Идлиб, загинале 75 цивили, меѓу кои 13 деца.
Од 17 септември 2018 година, кога е постигнат договор меѓу Турција и Русија, во режимските и руските напади во зоната на деескалација на судири во Идлиб загинаа повеќе од 1.300 цивили.