Selen Temizer,Mohamad Misto
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 614 цивили, во изминатите два месеци од примирјето, се убиени во нападите на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската војска го прекрши примирјето од неговото прогласување на 27-ми февруари кога на сила стапи прекинот на огнот врз основа на резолуцијата 2254 Советот на безбедност на ОН.
Во првиот месец од примирјето сириските сили извршија жестоки напади на подрачјата под контрола на опозициите на планината Туркмен кај Латакија, на западниот дел на Алепо, јужниот дел на Идилб, во источна Гута во Дамаска, во центарот на Дераа и западните периферии на Хомс. Последните две или три недели, интензивирани се нападите на сириската војска во јужниот дел на Алепо.
Најкрвавиот ден од почетокот на примирјето во Сирија е забележан вчера, кога во нападите на сириската војска се убиени најмалку 63 цивили. Во нападите на местата Марет Нуман и Кафр Нубул во Идилб, убиени се 52 лица, во Бала во Источна Гута кај Дамаска убиени се девет, и две лица се убиени во нападите во местата на Телбисе и Растан во Хомс.
Бомбардерите на сириската војска доцна синоќа извршија и напади на подрачјата Арбин и Дамаска и во местата Кафр Хамр и Мешед кај Алепо.
Според извештајот на Обзерваториумот за човекови права во Сирија (SNRH) од почетокот на примирјето до денес, во нападите на сириската војска убиени се најмалку 614 цивили.
Сириската опозиција порача дека примирјето на теренот е завршено со вчерашните жестоки воздухопловни удари на сириската војска.
Преговарачката делегација на сириската опозиција вчера еднострано ги пролонгира мировни преговори кои се водат во Женева под покровителство на ОН.
Се очекува специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан Де Мистура, да се состане денес во Женева со преговарачката делегација на сириската влада.