Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните напади на руските воени авиони во подрачјето на Мартинуман во Идлиб, северна Сирија, загинаа 10 лица, додека 20 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководителот на Цивилната заштита во Идлиб, Мустафа Хаџ Јусуф, во изјава за АА истакна дека во Идлиб сè уште се во тек интензивни воздушни напади.
„Десет цивили го загубија својот живот, додека 20 се повредени во воздушните напади извршени синоќа во подрачјето на Маратинуман од страна на воените авиони“, рече Јусуф.
Од друга страна, Ебу Бахр, задолжен од опозицијата за набљудување авиони, нагласи дека покрај со воени авиони, Русија извршува напади и со балистички проектили кои ги лансира од воените бродови позиционирани во Медитеранот.
Зоната без судири во Идлиб, во последните два месеца е изложена на интензивни воздушни напади. Во нападите извршени само во јануари загинаа 211 цивили, додека 1.447 цивили се повредени.
Градот Идлиб, кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција, на состанокот одржан на 4 и 5 мај 2017 година во Астана беше прогласен за зона без судири.