Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Ahmet Karaahmet
07 Декември 2024•Ажурирај: 08 Декември 2024
ДАМАСК (АА) - Вооружените групи кои се борат против режимот на Башар ал-Асад во со војна зафатената Сирија, почнаа да навлегуваат во јужните предградија на Дамаск, главниот град на земјата, јавува Анадолу.
Вооружените локални групи го зазедоа центарот на прокраината Кунеитра во југозападна Сирија и напредуваат кон центарот на Дамаск.
Овие групи веќе влегоа и водат судири против режимските сили во предградието на Дамаск, Дараја.
Сирија е средиште на граѓанска војна од 2011 година, а судирите повторно се интензивираа од крајот на ноември кога антирежимските групи ја презедоа контролата врз Алепо. Потоа ја презедоа контролата врз цел Идлиб, а потоа и врз Хама.
Вчера опозициските групи ја презедоа контролата и во покраината Дера на границата со Јордан. Денес, локалните опозициски групи ја презедоа контролата во јужната покраина Сувејда и во Палмира кај Хомс.
Опозициската Сириска национална армија ја спроведе операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ во округот Тел Рифат, ослободувајќи го подрачјето од терористичките елементи.