Cem Genco
25 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
ИСТОЧНА ГУТА (АА) - Децата без родители, штитеници турската хуманитарна организација ИХХ, на програмата одржана во Источна Гута, Сирија, преку цртежи ја изразија својата љубов кон Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Селим Тосун од ИХХ во Сирија изјави дека децата без родители од Источна Гута се обиделе своите чувства кон Израел да ги пренесат преку цртежи.
Тосун истакна дека во Источна Гута има околу 150 штитеници.
„На програмата посветена на Кудс, 150 деца ја нацртаа мапата на градот и неговата градба. Исто така е одржана и претстава организирана од страна на децата“, вели Тосун.
Тој додаде дека програмата била многу успешна и едукативна и дека децата ја пренеле својата љубов кон Кудс. Секој ден сѐ повеќе деца од Источна Гута умираат поради недостаток на храна и лекови. Поради опсадата на Источна Гута и недостакот на основни потреби, со смртта се соочени илјадници деца.
Ситуацијата во Источна Гута секој ден е сѐ потешка, а потребно е итно доставување на храна и лекови, како за возрасните така и за децата.