Ömer Koparan,Burak Karacaoğlu
18 Март 2019•Ажурирај: 19 Март 2019
Опозициската Слободна сириска војска (ССВ) спречи голем терористички напад во центарот на сирискиот град Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозициските сили открија и неутрализираа автомобил полн со експлозив на најфреквентната улица во Африн.
Автомобилот на таа локација е оставен вчера, а требало да експлодира денеска, на првата годишнина од ослободувањето на тој сириски регион од терористите на ЈПГ/ПКК.
Турските вооружени сили и Слободната сириска војска го ослободија Африн од терористите на ЈПГ/ПКК минатата година.
По успешната операција „Маслинова гранка“, ситуацијата во Африн се нормализира, но безбедносна закана и понатаму претставуваат тајните ќелии на терористичката организација ЈПГ/ПКК.