Ayşe Aktaş,Halit Süleyman
20 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 35 припадници на терористичката организација ДАЕШ се убиени за време на судирите со сириските опозициски сили во североисточнот дел на Алепо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на локалните извори, до кои дојде новинарот на АА, групата припадници на ДАЕШ направиле обид да влезат во местото Мари, кое е под контрола на опозициските сили.
Притоа дошло до жестоки судири помеѓу терористите и опозициската војска, а во судирот убиени се најмалку 35 припадници на ДАЕШ. Уништени се и повеќе возила кои ги користеле терористите.
Терористите направиле обид за напад од три возила наполнети со експлозив, но опозициската војска ги уништи нивните возила пред тие да влезат во Мари.
Исто така, се дознава дека ДАЕШ презел контрола над селото Кафр Хан, во близина на Азаз, кое претходно било под контрола на опозицијата.