Ekipa
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад извршија напад со хлорен гас врз населби во окупираната Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори од Цивилната заштита наведуваат дека режимските сили во раните утрински часови извршиле напад во околината на подрачјето Дума во Источна Гута, кое е под контрола на опозицијата.
Последици од нападот почуствуваа многу цивили, меѓу кои и деца.
На погоденото население му е укажана медицинска помош.
Режимските сили минатиот месец двапати извршија ракетен напад со хлорен гас врз цивили во Дума.
Нападите на припадниците на Асадовиот режим во Источна Гута се интензивирани од 14 јануари 2017 година.
Цивилната заштита претходно соопшти дека во нападите извршени во 2017 година во Источна Гута загинаа 1 337 цивили, меѓу нив и 12 припадници на Цивилната заштита.
Во Источна Гута живеат околу 400 000 цивили, а речиси половина од нив се деца. Иако Источна Гута на состанокот во Астана е прогласена за зона без судири, режимот од април 2017 година применува интензивни напади.