Aşkın Kıyağan,Mehmet Yılmaz
08 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
БРАТИСЛАВА (АА) - Словачкиот премиер Едуард Хегер соопшти дека на Украина ѝ го дале системот за воздушна одбрана С-300, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку Твитер, Хегер ја потврди веста објавена во медиумите во земјата дека Словачка го испратила системот за воздушна одбрана С-300 во Киев.
„Би сакал да потврдам дека Словачка ѝ достави на Украина систем за противвоздушна одбрана С-300“, рече Хегер, и додаде: „Народот на Украина храбро го брани и суверенитетот на својата земја, а нѐ брани и нас. Наша должност е да не останеме рамнодушни кон загубата на животи од нападите на Русија и да помогнеме.“
Од друга страна, премиерот Хегер, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, замина во главниот град на Украина, Киев.