Yusuf Özcan
28 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Во знак на оддавање на почест на настраданите во последниот терористички напад во Кабул, синоќа беа изгаснати светлата на Ајфеловата кула во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Со одлуката на градоначалничката на Париз, Ен Идалго, светлата на Ајфеловата кула беа изгасени точно на полноќ.
„Париз и Парижаните се со авганистанскиот народ кој е директно соочен со терористите “, порача градоначалничката Идалго на социјалните мрежи.
Светлата на Ајфеловата кула беа гасени и претходно по терористичките напади во различни земји.
Овој пат тоа е сторено во знак на оддавање почест за најмалку 95 загинати и 158 ранети лица во бомбашкиот напад, кој терористите во Кабул го извршија вчера со активирање на експлозив во амбулантно возило.