?kipa
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
ЛОНДОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека за разлика од британската премиерка Тереза Меј, тој поостро би пристапил во преговорите за отстапување на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп во разговор со британскиот новинар Пиерс Морган, изјави дека во случај на преговори со ЕУ би користел поинаква тактика.
„Дали тоа ќе биде начинот на кој преговарам? Не, не би преговарал на начинот на кој се преговара. Јас би имал поинаков пристап“, изјави американскиот претседател.
Трамп во споменатото интервју изјави дека се радува на посетата на Велика Британија, а коментираше и за веридбата на американската актерка Меган Маркл со британскиот принц Хари, за кои рече дека се убав пар.
Тој, исто така, ја изрази својата подготвеност да го потпише Парискиот климатски договор, но само ако во документот се внесат значајни промени.
Во интервјуто кое денес го објави британскиот ITV, Трамп изјави дека „секогаш постои шанса САД да се вратат, доколку биде постигнат добар договор“.