Kemal Zorlak
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
СИДНЕЈ
Австралија е првиот континент кој влезе во Новата година, а 2020 е дочекана со величествен огномет во Сиднеј, јавува Агенција Анадолија (АА).
Огнометот над Домот на операта и над другите симболи на Сиднеј го следеа бројни туристи од сите делови од светот. Глетката беше повеќе од спектакуларна, за што и годинава беа употребени тони распрскувачки ракети за огномет. Спектакуларниот огномет во Сиднеј траеше повеќе од 10 минути.
Во југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс, освен во Сиднеј, оваа година е забранета употреба на пиротехнички материјали во текот на прославата за дочекот на Новата година, поради опасноста од избувнување на пожар. Инаку, повеќе стотини пожари и понатаму се активни низ Австралија.
Најголемите пожари се недалеку од Сиднеј, а повеќе од 250.00 луѓе потпишаа петиција за откажување на новогодишниот огномет и вложување на тие средства во гаснењето на пожарот.
Сиднеј стана симбол на новогодишните прослави поради спектакуларните огномети, а за минатогодишниот огномет беа употребени 8,5 тони распрскувачки ракети. Новогодишниот огномет во Сиднеј го следеа повеќе од 1,6 милион луѓе.