Elvir Hociç
14 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
СИДНЕЈ (АА) - Поради закани од бомбашки напади, австралиската полиција спроведе операција во Сиднеј во која беа евакуирани туристи од познатата зграда Опера јавува Anadolu Agency (АА).
"Врз основа на информациите на социјалните мрежи, полицијата спроведе операција во близина на Опера и во квартот Манлиу", соопшти австралиската полиција, додавајќи дека операцијата е завршена и Опера е отворена за посетители.
Сиднејската Опера беше под полициска опсада околу час и половина, а беа прекинати и траектните линии. Туристи беа евакуирани, а полицијата не дозволи пристап до зградата која е симбол на Сиднеј.