Betül Yürük
25 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
ЊУЈОРК (AA) – Советот на безбедност на Обединетите нации (ОН) ја усвои резолуцијата за 30 дневно хуманитарно примирје во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Нацртот на резолуцијата за примирјето го предложија Шведска и Кувајт, а резолуцијата во Советот за безбедност е усвоена едногласно. Со оваа резолуција е договорено 30 дневно примирје во рамките на кое ќе биде овозможена достава на хуманитарна помош и медицинска евакуација.
Во резолуцијата од сите страни во Сирија е побарано судирите да се запрат на период од најмалку 30 дена за да хуманитарната помош „сигурно, непречено и одржливо" се достави ширум земјаа и за да "ранетите и болните во тешка состојба" бидат евакуирани.
Исто така, побарано е да се запре опсадата во Источна Гута, Јармук, Фуја и Кефраја, регионите кои под окупација ги држи сирискиот режим и во кои е присутна алармантна криза.
Потсетуваме, во интензивните режимски напади изведени во последните три дена загина преку 300 деца. Во Источна Гута која се наоѓа под контрола на опозицијата живеат околу 400.000 цивили.
Со Договорот во Астана минатата година, Источна Гута е прогласена за зона на деескалација на судири. И покрај тоа, режимот на Асад во последните неколку месеци ги интензивираше нападите.
Кризата во тој регион секој ден е се поголема, а илјадници болни луѓе чекаат на евакуација. Голем број деца во Источна Гута починаа поради неможноста на пристап на доволни количини храна и лекови.