Dilara Karataş
06 Декември 2023•Ажурирај: 08 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Роџер Вотерс, соосновач на музичката група Пинк Флојд, ги осуди западните земји што сѐ уште сакаат да го прикажат Израел како жртва, а кој со недели го бомбардира Појасот Газа, пренесува Анадолу.
„Луѓето што живеат во Газа со недели, деноноќно, се бомбардирани од Ф-16. Не може да замислиме како е тоа. Фактот дека ѝ аплаудира најмоќната империја на светот (САД) премногу е одвратна за да се поверува. Како е можно западните земји сѐ уште да се обидуваат да го прикажат Израел како жртва?“, запраша Вотерс.
Во интервју за ТРТ Ворлд, Вотерс рече дека го започнал својот активизам во врска со Палестина и израелските напади на Палестина.
Тој рече дека откако неговиот менаџер во текот на европската турнеја во програмата го додал концертот во Хајаркон Парк во Тел Авив, почнал да добива голем број е-пораки. Во една од е-пораките било наведено дека подрачјето на кое требал да го одржи концертот „е изградено врз гробишта на Палестинци“.
Вотерс потсети дека го откажал концертот штом го дознал тоа, а потоа го одржал на подрачје меѓу Тел Авив и Кудс (Ерусалим) бидејќи многу малку знаел за палестинското прашање.
Тој наведе дека концертот бил успешен, но дека таму одржал говор во кој рекол: „Вие сте генерација на млади Израелци кои мора да се смират со своите соседи.“
Коосновачот на Пинк Флојд раскажа дека во текот на неговото обраќање забележал чудни реакции меѓу присутните, во смисла зошто им го кажува тоа.
Една година по концертот го посетил Западниот Брег.
„Да се види што се случува таму беше поморничаво отколку што си замислував. Младите израелски граничари и луѓето ме гледаа со презир и гадење додека носев британска патна исправа во возило што ѝ припаѓа на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА). Се сеќавам дека си помислив: ‘Доколку вака се однесуваат кон мене, како се однесуваат кон Палестинците?'“, рече Вотерс.
Порача дека денес многу добро се знае како Израел се однесува кон Палестинците.
„Додека ние разговараме, тие вршат геноцид во Газа. Луѓето што живеат во Газа со недели, деноноќно, се бомбардирани со Ф-16. Не може да замислиме како е тоа. Фактот дека ѝ аплаудира најмоќната империја на светот (САД) премногу е одвратна за да се поверува. Да не ги споменувам организацијата 'B'nai Brith', позната по своите произраелски активности (во Канада), и канадскиот премиер Џастин Трудо. Тој, исто така, го поздравува сето ова. Како тоа сѐ уште да се обидуваат да ги прикажат Израелците како жртви?“, порача Вотерс.
Објаснувајќи дека неговиот почеток во палестинскиот активизам е поврзан со смртта на татко му од страна на германски војник на италијанскиот фронт за време на Втората светска војна, Вотерс истакна:
„Не можам да ви ја раскажам приказната за мојот татко, а да не се сетам на Газа со срце и душа. Мислам, тоа толку многу влијае врз мојот живот во моментов. Тоа што Израелците го прават во Газа е неописливо“, рече Вотерс.
Истакнувајќи дека вестите на мејнстрим медиумите за Израел и Палестина, исто така, се „пропаганда“, Вотерс нагласи дека овие медиуми се „портпарол на оние што се на власт“ и го објавуваат она што тие сакаат да се објави.
Вотерс рече дека палестинското прашања е „полно со политички и хуманитарни интриги“.
„Израелското лоби се обиде да ги откаже моите настапи во Буенос Аирес со образложение дека сум антисемит, а се разбира дека не сум. Тоа е чиста глупост. Сепак, тие измислуваат приказни и ги засилуваат, а потоа одново и одново ги објавуваат“, рече Вотерс.