Dildar Baykan Atalay
13 Март 2023•Ажурирај: 14 Март 2023
АНКАРА (АА) - Состанокот за Сирија на ниво на заменици-министри за надворешни работи меѓу Турција, Русија, режимот на Асад и Иран ќе се одржи од 15 до 16 март во Москва, известува Анадолу.
Според информациите добиени од дипломатски извори, утврден е датумот на средбата што ќе се одржи во Москва меѓу Турција, Русија, режимот на Асад и Иран. На состанокот закажан за 15 и 16 март, со турската делегација ќе претседава заменик-министерот за надворешни работи Бурак Акчапар.
На состанокот ќе присуствуваат Михаил Богданов, специјалниот претставник на претседателот на Русија, Владимир Путин, за Блискиот Исток и африканските земји, кој ќе ја претставува Русија, Али Асгар Хаџи, советник за политички прашања на иранскиот министер за надворешни работи, како претставник на Иран, и Ејмен Сусан, заменик-министер за надворешни работи како претставник на режимот на Асад.