Adam Abu-bashal
03 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
АБУЏА (АА) - Спасени се 77 лица кои биле држени како заложници во црква во југозападниот дел на Нигерија, известува Агенција Анадолија (АА).
Свештеник зел заложници во приземјето на црква во округот Валентино во нигериската држава Ондо.
Според изјавите на локалното население, заложниците, меѓу кои има и 23 деца, се спасени.
Фунмилајо Одунлами, портпаролот на локалната полиција, информираше дека свештеникот е приведен и започната е истрага за инцидентот.