Ekipa
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Спасувачката екипа на шпанската невладина организација „Proactiva Open Arms“ спаси повеќе од 500 мигранти во Средоземното Море и спречи голема катастрофа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на организацијата Лаура Лануза соопшти дека спасувачкиот брод „Golfo Azzurro“ во изминатите 24 часа од повеќе гумени и дрвени чамци во Средоземното Море спасил вкупно 514 мигранти, кои од северниот дел на Африка патуваа кон Европа и се најдоа среде бура која се закануваше со потопување на нивните несоодветни пловила.
Во соопштението се наведува дека мигрантите пловеле од Либија, и дека станува збор за бегалци од Сирија и земјите на субсахарска Африка.
Спасувачкиот брод „Golfo Azzuro“, кој делува во координација со италијанската крајбрежна стража, ги доведе спасените мигранти на италијанскиот брег, каде им е укажана прва помош.
И вчера, шпанската крајбрежна стража соопшти дека спасила 651 мигрант пред потонување на несоодветен брод со кој од Либија пловеле кон шпанскиот брег.