Elvir Hociç
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
КАТАР (АА) - Светската фудбалска организација (ФИФА) потпиша договор со новиот спонзор „Qatar Airways” , кој ќе биде на сила до крајот на 2022 година кога на распоред е Светското фудбалско првенство во Катар, земјата од која и доаѓаа таа авиокомпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Qatar Airways” (Катар Ервејс) така го пополни спонзорското место во категоријата на авиокомпании кое беше испразнето по Мундијалот во 2014 година, кога од спонзорство се повлече компанијата од Дубаи, „Emirates” (Емирејтс).
Неодамна раководството на ФИФА објави дека организацијата минатата година остварила финансиски губитоци од 369 милиони долари поради заминување на спонзорот предизвикан поради лошиот имиџ на ФИФА, којашто ја потресоа низа скандали за корупција и мито.
Веста за новиот спонзорски договор со „Qatar Airways” ФИФА ја објави денес, кога челникот на таа организација допатува во Бахреин поради учество на годишниот самит.