Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
09 Април 2023•Ажурирај: 10 Април 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, синоќа му порача на израелскиот претседател, Исак Херцог, дека неговата земја нема немо да ги набљудува провокациите и заканите по статусот и светоста на џамијата Ал Акса во Ал Кудс (Ерусалим), известува Анадолу.
Ердоган телефонски разговараше со Херцог за последните упади на израелските безбедносни сили во комплексот на џамијата Ал Акса, како и за нападите врз верниците во светите места, соопшти Дирекцијата за комуникации при Канцеларијата на турскиот претседател.
Зборувајќи дека последните инциденти ја повредуваат свеста не само на муслиманите туку и на целото човештво, Ердоган нагласи дека Туркије нема да молчи пред провокациите и заканите на статус кво и светоста на џамијата Ал Акса, која се наоѓа во окупираниот Источен ал Кудс.
Тој напомена и дека не смее да се дозволи ескалација на тензиите што се шират на Појасот Газа и Либан.
Истакнувајќи ја неопходноста да се спречат овие инциденти, што се повторуваат секоја година во време на светиот месец Рамазан, да станат судбина на регионот, Ердоган исто така изрази подготвеност неговата земја да го стори својот дел со цел да се дојде до сржта на проблемот и да се преземат чекори кон воспоставување праведен и траен мир.
Тензиите на Блискиот Исток се во подем последните неколку дена по бруталните израелски напади врз верниците во џамијата Ал Акса.
Израелските напади во џамијата предизвикаа ракетни напади од Појасот Газа и Либан, а Израел возврати со напади на воздухопловните сили.