Şerife Çetin
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денес во Брисел, каде што се одржа редовниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО нагласи дека самитот на НАТО во 2018 година ќе се одржи во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој посочи дека на министерскиот состанок било разговарано за зајакнување на одбранбените способности на членките, за кибер безбедноста и за нуклеарното оружје.
Тој додаде дека земјите-членки постигнале значителен напредок во однос на распределбата на товарот меѓу сојузниците - издвојувањето за одбраната.
Нагласи дека веќе трета година растат трошоците за одбраната во рамките на Сојузот, со што буџетот на НАТО во 2017 години се зголеми за 46 милијарди долари.
Столтенберг истакна дека 25 од 29-те земји-членки на НАТО оваа година ќе ги зголемат издвојувањата за одбрана.
Посочи дека претставниците на НАТО и Европската Унија (ЕУ) постигнале договор за понатамошно зајакнување на соработката, особено во областа на борбата против тероризмот.
На крајот истакна дека денес е постигнат договор земјите-членки да ги зголемат издвојувањата за тешка опрема, дополнувањето на гориво во текот на летањето и брзо распоредување на силите.
Во седиштето на Алијансата денеска во Брисел се одржа редовен состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО.
Ова е прв состанок на министрите за одбрана на НАТО по состанокот на шефовите на држави и влади на членките на Алијансата, кој се одржа кон крајот на мај 2017 година.