Yusuf Özcan
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
ПАРИЗ (AA) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Турција е многу значајна земја за НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг даде интервју за весникот „Ле Фигаро" (Le Figaro) вокое одвоараше на прашања од различни теми.
На прашањео да ја прокоментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој неодамна изјави дека „НАТО доживеа мозочна смрт", Столтенберг рече:
„НАТО е од витално значење за безбедносните прашања. Тоа го докажа штитејќи речиси милијарда луѓе секој ден и со децении оджувајќи го својот најголем придонс во одбраната."
Генералниот секретар на НАТО се осврна и на операцијата „Извор на мирот" на северот на Сирија.
„Сите сојузници ја критикуваа операцијата, но никој не говореше за местото на Турција во рамките на НАТО. Турција, допуштајќи им на сојузниците да ги коритат нивните бази, учествуваше во борбата против ДЕАШ. Турција е единствена земја во НАТО на границата со Сирија и Ирак. Прими 3,6 милиони бегалци. Турција е многу важна за НАТО. За да го разберете ова, доволно е да ја погледнете картата и да ја видите геостратешката положба на Турција", рече Столтенберг.