Oktaj Omeragikj
29 Јуни 2025•Ажурирај: 02 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Ентузијастите за водни спортови се собраа на џет-ски настанот што се одржа во Њујорк, САД, известува Анадолу.
Учесниците на настанот со своите џет-ски создадоа импресивни слики по должината на реките Ист Ривер и Хадсон додека во позадина се отсликуваше иконската силуета на Менхетен.
Како дел од настанот, стотици возачи на џет-скии тргнаа од различни точки на градот кон двете реки, а рутата ја завршија во придружба на крајбрежната стража и полициските чамци.
Промоцијата која ја одрази возбудата од доаѓањето на летната сезона, го привлече вниманието и на жителите на градот и на туристите.