Adel Abdelrheem Humaida Elfadol,Afra Aksoy,Gülşen Topçu
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
КАРТУМ
Преодниот воен совет во Судан соопшти дека со Силите за декларација на слобода и промени кои ја сочинуваат опозицијата на Судан не се договориле во однос на стапките на застапеноста во власта за транзиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Преодниот воен совет, Шемседин Кебаши Ибрахим, на одржаната прес-конференција истакна дека предложиле, претседателскиот совет кој ќе управува со периодот на транзиција да се состои од вкупно 10 члена, од кои 7 војници, 3 цивили, додека предлогот на Силите за декларација на слобода и промени бил да се состои од 15 члена, од кои 8 цивили и 7 војници.
Ибрахим, исто така, наведе дека странките се договориле да ги испитаат ставовите на другата страна, и се согласиле да работат на подготовка на извештај во врска со темата.
Ибрахим, нагласувајќи дека Преодниот воен совет на седницата ги предупредил опозициските сили за грабежите што се случуваат, рече дека Силите за декларација на слобода и промени целосно ги отфрлиле таквите практики, и дека тие лица што вршат грабежи не ги претставуваат нив.
- Патиштата и мостовите да се отворат за сообраќај
Ибрахим истакна дека Силите за декларација на слобода и промени ја потврдиле заложбата за отворање на патиштата, мостовите и железничкиот сообраќај, и за отстранување на барикадите пред полициската станица во населбата Бура, во Картум.
Комората на занаетчии на Судан (SPA), во писмената изјава истакна дека изјавата на Преодниот воен совет не е вистинита и дека не се договориле со војската за отворање на затворените патишта и мостови, кои беа затворени поради демонстрациите.
Во втората изјава на Советот се истакнува дека неовластени лица ги контролираат граѓаните, ги претресуваат, вршат грабежи, напаѓаат, ги затвораат патиштата и претставуваат закана за животот на граѓаните и за јавната безбедност во земјата. Во писмената изјава, исто така се нагласува дека нема да има никакви дилеми околу решавањето на настаните кои се закана за јавната безбедност.
- Обид за интервенција на седницата на Воениот совет
Во втората изјава од Комората на занаетчии на Судан се истакнува дека Преодниот воен совет се обидел да ја растури толпата која протестирала седејќи пред седиштето на армијата, но не сподели повеќе информации во врска со обидот.
Во изјавата е упатен повик до граѓаните да одржат марш до седиштето на армијата каде што се организираат демонстрации.
Во Судан, демонстрациите кои започнаа на 19 декември поради економската криза во земјата, за брзо време се проширија во главниот град Картум и низ целата земја како демонстрации против режимот. Армијата на 11 април изјави дека ја презема контролата на власта, со што заврши 30-годишниот период на владеење на Омар ал Башир.