Gülsem Adam
08 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
ИСТАНБУЛ / АНТАЛИЈА, (АА) - Студентка Турчинка, која неодамна беше евакуирана од Украина вели дека таа сѐ уште е трауматизирана од војната со Русија, известува Агенција Анадолија (АА).
„Сѐ уште имам страв од напади во моите соништа. Се будам навечер и велам 'Добро е, дома сум и потоа заспивам“, вели Бусе Девели, која студира психологија на универзитетот во градот Харков за Агенција Анадолија (АА).
Девели рече дека таа и другите студенти мислеле дека ништо нема да им се случи, но вториот ден од војната на полноќ се разбудиле од звуците на бомбите.
„Кога излеговме на улица, се сретнавме со вистинската боја на војната. Сите се обидуваа да избегаат, истрели се слушаа од секаде“, рече таа.
Девели истакна дека биле евакуирани од студентскиот дом во Харков и отишле кон Донбас, но и таму се соочиле со бомбардирање.
Раскажувајќи дека имало недостиг од храна во Донбас, Девели рече: „Маркетите прифаќаа само готовина, но ние немавме пари. Нашите професори ни помогнаа“.
Зборувајќи дека местото каде се наоѓале било бомбардирано, рече дека одлучиле да заминат по руското бомбардирање на областа.
„Снимив видео и му се јавив на моето семејство. Им реков дека можеби нема да можеме да се видиме едни со други повеќе. Ноќта кога разговараме, се случи бомбашки напад во близина на нашата куќа“, рече Девели.
Девели рече дека стигнале до железничката станица со автостоп и успеале да се качиле во воз минувајќи низ толпата на станицата.
Истакнувајќи дека возот бил запрен на три пати од руските војници и бил отворен вознемирувачки оган, таа наведе дека морале да патуваат во темница.
„Сега сум дома, но секогаш кога ќе слушнам звук, велам ‘Нешто се случува!’, а мајка ми ме смирува. Јас сум психички уморна. Луѓето во Украина се во многу лоша ситуација. Малите деца плачат велејќи ‘не сакам да умрам’.“
Украинските и турските државјани кои избегаа од Украина во Романија, на романската граница Сирет се подложни на медицински преглед од турски национален медицински спасувачки тим, соопшти турското Министерство за здравство во понеделникот.
Во теренската болница формирана од турското Министерство за здравство на границата, медицински тим од 10 лица, вклучително доктор специјалист и техничар за итна помош, им пружаат здравствени услуги за оние кои избегаа од Украина.
Нападот на Русија врз Украина, што започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда и доведе до финансиски санкции во Москва.
Според податоците на ОН, најмалку 406 цивили се убиени и 801 се повредени во Украина откако започна војната. Сепак, меѓународното тело забележува дека условите на теренот ја прават „тешка проверката“ на вистинскиот број на цивилни жртви.
Агенцијата за бегалци на ОН информираше дека повеќе од 1,7 милиони луѓе ја напуштиле Украина и преминале во соседните земји.