Ekip
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
КИЕВ (AA) - Украинската полиција и демонстрантите се судрија денеска во шаторскиот камп пред зградата на Киев, после што од полицијата соопштија дека се уапсени 100 луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агеција Интерфакс наведува дека високопозиционираниот полициски службеник Андреј Кришенко рече дека по судирите денеска медицинска помош побарале шест демонстранти и дека се повредени четири полицајци.
Кришченко додаде дека до судирите дошло кога полицијата се обидела да спроведе истрага за судирот кој се случи во вторник и во кој се повредени 15 полициски службеници.
Полицијата соопшти дека во текот на претресот на шаторскиот камп пронадени се девет рачни бомби, како и огнено оружје. Многу шатори се размонтирани, после што ги отсранија работниците на јавното градско претпријатие, наведе Интерфакс.
Шаторскиот камп уште во октомври минатата година ги поставија приврзаниците на Микаил Сакашвили, поранешниот претседател на Грузија, кој подоцна стана истакната опозициска личност во Украина. Сакашвили е депортиран од Украина на 12 февруари оваа година.
Демонстрантите бараат основање на национален антикорупциски суд и смена на украинскиот претседател Петро Порошенко.