Adham Kako
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
АНКАРА (АА) - Од Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопштија дека и покрај одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за хуманитарно примирје, во нападите извршени помеѓу 25 февруари и 2 март животот го загубија 146 цивили, од кои 38 деца и 21 жена, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на СНХР се вели дека 146 цивилите загинале во нападите извршени во првите шест дена по резолуцијата за хуманитарно примирје ширум Сирија усвоена на 24 февруари од страна на Советот за безбедност на ОН.
Во овој извештај се наведува дека во воздушните и копнените напади на силите на режимот загинале 114 цивили од кои 22 деца и 16 жени, пет цивили загинале во нападите извршени од страна на рускиот воени авиони кои им даваат воздушна поддршка силите на режимот, како и 16 цивили, од кои 10 деца и 4 жени, во бомбардирањата на коалициските сили за борба против терористичката организација ДЕАШ.
Според извештајот на СНХР, пет цивили, од кои четири деца, се убиени од страна на терористичката организација ДЕАШ, додека вкупно шест лица загинале, од кои 2 деца, и дена жена, во нападите извршени од страна на неидентификувани лица.
- 87 напади со барелни бомби во 6 дена
Во извештајот се истакнува дека хеликоптерите на силите на режимот во шест дена по 24 февруари, извршеле 83 напади со барелни бомби во руралното подрачје на Дамаск каде се наоѓа и Источна Гута, како и 4 напади во руралното подрачје на Хама.
Советот за безбедност на ОН со усвојување на резолуцијата 2401 на 24 февруари, побара да се прогласи хуманитарно примирје ширум Сирија, пред се во Источна Гута.
Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, околу 400.000 цивили, од кои половина деца, веќе 5 години живеат под блокада.
Источна Гута за време на преговорите во Астана беше прогласена за зона без судири. Но, Асадовиот режим, чија земја гарант е Русија, од април минатата година ја интензивираше блокадата на подрачјето, а во последните месеци ги интензивираше и нападите.
Илјадници болни лица чекаат да бидат евакуирани од регионот во кој е продлабочена хуманитарната криза, од кои стотици имаат потреба од итна евакуација. Повеќето од болните се деца и заболени од канцер. Голем број деца и бебиња во Источна Гута починаа од глад и недостиг на лекови.