Amir Latif Arain
20 Ноември 2024•Ажурирај: 22 Ноември 2024
КАРАЧИ (АА) - Пакистанскиот висок суд денес му одобри кауција на затворениот поранешен премиер на земјата Имран Кан за случајот со корупција и нареди негово ослободување, според судските записи, јавува Анадолу.
Кан, заедно со неговата сопруга Бушра Биби, е обвинет за нелегално купување и продавање странски подароци. Двајцата ги негираат обвинувањата.
За овој случај Бушра Биби веќе е пуштена со кауција.
И покрај наредбата за ослободување, не е јасно дали поранешниот премиер ќе биде ослободен бидејќи му се суди и за низа други случаи, од корупција до тероризам.