Ekip
27 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
ДУХОК (АА) - Ферхад Нервеи, чие дете беше повредено во нападот што вчера го изврши терористичката организација ПКК во областа Амеди во Духок, истакна дека ПКК постојано ги гаѓа жителите на Амеди, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нервеи, чие дете беше повредено во вчерашниот напад на ПКК во областа Бамерни во Амеди, даде изјава за дописникот на Агенција Анадолија (АА).
„Моето дете беше повредено во нападот организиран од ПКК. Очекуваме Претседателството на регионот Курдистан да постави ограничување на акциите на ПКК во Амеди. ПКК напаѓа само цивили“, рече таткото Нервеи.
Зборувајќи за вчерашниот напад на ПКК, Нервеи нагласи: „Бевме во селото Зивесера во областа Бамерни. Беше околу 16:30 часот. ПКК истрела три минофрлачки гранати и една падна блиску до нас. Во нападот загинаа 2 деца, а моето дете беше повредено.“
Нервеи, исто така, додаде:
„Сите многу добро знаат дека ПКК стои зад ова. Безбедносните сили дојдоа на местото на настанот и се знаеше дека ПКК го направи тоа. Регионот Курдистан мора сериозно да дејствува за да ги запре нападите на ПКК. Ова не е прв, ниту ќе биде последен пат. ПКК постојано ги напаѓа луѓето од Амеди. ПКК со овие напади ја таргетира стабилноста на регионот Курдистан.“
Единицата за антитероризам на Регионалната курдска управа на северот на Ирак синоќа преку соопштение наведе дека две деца ги загубиле животите во нападот со ракета од страна на ПКК врз селото Ередна во Амеди.